АППТ: Пристигнуваат првите туристи од Холандија со светскиот туроператор Корендон

42

Првите холандски туристи слетуваат утре на 8-ми мај со туроператорот Корендон. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат  до 16-ти октомври оваа година.

На почетокот Корендон  ќе лета два пати неделно до Охрид, во вторник и во петок, додека во најголемиот ек на сезоната – во јули и август, компанијата ќе додаде уште еден лет, со напомена дека овие податоци се променливи во зависност од побарувачката. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани околу 50 чартер-летови и Охрид да го посетат над 10.000 холандски туристи само со туроператорот Корендон. Оваа сезона најавено е зголемување од 20% на резервации со оваа компанија, со што би се зголемил и сообраќајот на аеродромот Свети Апостол Павле.

“Оние што повторно доаѓаат во Охрид добро ги познаваат неговите непроценливи убавини, а оние што прв пат стапнуваат на македонско тло веруваме дека ќе се воодушеват од уникатноста на регионот, реткостите од историска и културна природа, како и диверзивноста на активностите што ги нуди природата на македонскиот туристички бисер. Лани 2017 година, Македонија ја посетиле 26.889 холландски туристи со остварени 141.675 ноќевања, со што се во првите 10 туристички пазари во нашата земја.”- истакнуваат претставници од  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и ТА Фибула.