АрцелорМиттал Скопје по седми пат организираше Ден со клиентите 2018

38

Под слоганот Steel growing strong, АрцелорМиттал Скопје организираше уште еден успешен настан за своите клиенти кои од 10 земји од Балканот и пошироко допатуваа до Скопје за да добијат увид во оперативата, стратегијата и идните планови на компанијата, стои во соопштението.

Преку обраќањата на извршниот директор, Волфганг Марингер, генералниот директор на Галати & Скопје Богдан Греку, и директорот на маркетинг Богдан Ифрим – претставени беа претстојните промени на локално и на глобално ниво,  ребрендирањето како и моменталната состојба на пазарот и се разбира, приоритетот на компанијата – безбедното работење.

Дополнително, во производствениот погон се одржа и Инаугурација на екстензијата на линијата за поцинкување, а презентирани беа и проектите за модернизација на електро опремата и отворањето на новиот магацин. На настанот беа образложени придобивките кои тие ќе ги донесат како за компанијата така и за клиентите.