Arrow 460 – Granturismo, првата јахта со потпис на Mercedes

43

mercedes-benz-arrow460--granturismo-2013-monaco-yacht-show_100442292_lГерманскиот производител на автомобили Mercedes – Benz во соработка со производителот на јахти Silver Arrows Marine ја создаде својата прва јахта – Mercedes-Benz Arrow 460 – Granturismo. Планирано е да бидат произведени само десет примероци, односно секоја од нив за различна земја, пишува Business Insider.

Должината на јахтата изнесува 14 метри, а ја движат два Yanmar дизел мотори со јачина од 480 коњски сили. Возилото достигнува максимална брзина од 40 јазли и дизајнирано е да смести десет луѓе. Внатрешноста е ја одликува велур кожа и дрвени панели од еукалиптус.

Масите и креветите се продолжуваат во зависност од потребите, а освен тоа јахтата вклучува и луксузна бања, одвоена соблекувална, клима уред, аудио систем, просторија за вино и машина за правење мраз.

Цената за основниот модел изнесува 1,7 милиони долари.

mercedes-benz-arrow460-granturismo-designboom-headerMercedes-Arrow460-Granturismo-Yacht_6Mercedes-Benz-ARROW460-Granturismo-Luxury-Yacht-by-Silver-Arrows-Marine-8mercedes-benz-arrow460-granturismo-designboom-02-818x546