Aston Martin V12 Speedster добива ретро DBR1 Specification пакет

24

Британскиот производител Aston Martin подготви специјална варијанта на претстојниот V12 Speedster во чест на легендарниот модел DBR1 кој славеше на 24 часа Ле Ман.

Новиот модел на Aston Martin наречен V12 Speedster, ќе добие и своја специјална варијанта која ќе оддаде почит на легендарниот DBR1 кој успеа да забележи триумф на 24 часа Ле Ман во 1959 година и на трката 1.000 километри на Нирбургринг во 1957, 1958 и 1959. Имено, британската компанија ќе произведе само 88 примероци на овој специјален V12 Speedster наречен DBR1 Specification.

Она што ќе го разликува Aston Martin V12 Speedster DBR1 Specification од останатите модели на британскиот бренд е неговата Aston Martin Racing Green боја на екстериерот, Clubsport White апликациите и Satin Silver анодизираната предна решетка. Финишот на екстериерот на V12 Speedster DBR1 е толку специјален што потребни се повеќе од 50 часа да заживее во напредниот објект за фарбање на Aston Martin.

Меѓу останатите промени кои се направени на моделот се поставувањето на специјални 21-инчни тркала. Aston Martin исто така го промени и ентериерот на V12 Ѕpeedster DBR1 Specification моделот инсталирајќи голем број на карбонски акценти, Caithness Green кожа и вметнувајќи сатенски сребрен полиран алуминиумски селектор на брзини.

“Емоцијата и ексклузивноста се во срцето на овој автомобил. Редок и исклучителен Aston Martin, овој модел е дизајниран да понуди посебно возачко искуство кое ја истакнува неговата елегантна, уметничка форма. Креирањето на специјална спецификација која ќе оддаде почит на славата на DBR1 е исклучителна привилегија за мојот тим и мене, и едвај чекам да видам да видам како овие автомобили ќе бидат возени со истиот ентузијазам кој го вложивме во дизајнирањето на моделот“, изјави главниот дизајнерски директор на Aston Martin, Марек Рајхмен.

За напојувањето на сите V12 Speedster модели ќе биде задолжен 5,2-литарскиот битурбо V12 мотор на компанијата кој испорачува 700 КС и 752 Nm максимален вртежен момент.

Преземено од Avtoplus.mk