AstraZeneca и Oxford имаат различни верзии околу тестирање на вакцините

29

AstraZeneca и Универзитетот Oxford имаат спротивни тврдења околу дозирање на вакцината против коронавирусот, што е редок пример за несогласување на две институции околу овој клучен проект.

Двете страни имаат различни верзии околу тоа како дошле до својот заклучок, а оригинално било планирано да се дава во две дози.

Истражувањата покажуваат дека начинот на вакцинирање со пола доза е ефикасен 90%, во споредба со 62% кога се даваат две дози.

Шефот на истражувањето од AstraZeneca за Ројтерс пред 10-тина дена рекол дека “причина за половина доза е среќна случајност“. Научниците забележале дека очекуваните нус појави како што се замор, главоболка и болка во рацете се послаби од очекуваното. Водечкиот научник од Oxford го отфрлил тој стави, велејќи дека половина доза е дадено намерно по темелни консултации.

Фото: Facebook