Астронаут советува како да не се чувствувате “заробени“ дома

57

Кој подобро знае како изгледа со месеци да се биде затворен во мал простор од астронаутите кои се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица, пренесува Bloomberg.

Крис Кесиди влегува карантин, но не поради пандемијата од коронавирус, туку поради тоа што почнуваат подготовките на НАСА за полетување на Меѓународната вселенска станица. За нив тоа е дел од секојдневната рутина. Секој астронаут мора да биде изолиран две недели пред лансирањето за да биде сигурен дека нема со себе да ги понесе несаканите вируси до вселенската станица, процес што во НАСА е познат како “стабилизација на здравјето“. Вселенската агенција, исто така, планира да направи тестирање на сите астронаути на Ковид – 19 пред да полетаат, за да бидат сигурни дека се здрави.

“Мислам дека поставувањето рутини е најважна работа. Ние немаме избор кога е тоа во прашање: луѓето од контрола на мисијата ни кажуваат каква треба да ни биде дневната рутина. Но, јас тоа го доживеав и во војска. Тоа беше период на моето служење во морнарицата кога немаше многу оперативни активности и откривме дека е здраво групата да практикува некоја нормална и вообичаена рутина“, вели Кесиди.

Касиди, кој инаку е капетан на американската морнарица и поранешен припадник на единицата Seal, на деветти април ќе се приклучи на астронаутите што се наоѓаат во руската ракета Сојуз што ќе биде лансирана од Меѓународната вселенска станица. Тој заедно со двајцата руски колеги ќе живеат и работат шест месеци во вселенската станица во рамки на експедицијата 63.

Фото: Pixabay