Атлантик Група: Првото тримесечје во знакот на меѓународниот раст

21

Atlantic grupa

Атлантик Група во првото тримесечје на 2016 година оствари 154 милиони евра приход од продажба, што е на исто ниво на остварени приходи во истиот период минатата година, стои во соопштението.

Добивката пред исплата на каматата и данокот е помала за 5,1%, најмногу поради вложувањата поврзани со зголемување на сопствената дистрибуција во Германија и Австрија и други неповолни движења на девизниот курс и изнесува 9,3 милиони евра. Нето добивката по малцински интереси изнесува 6 милиони евра, што претставува зголемување на 1,6% во однос на првиот квартал од 2015 година.

Од поважните деловни настани во првите три месеци се истакнува завршувањето на подготовките за проширување на бизнисот во Германија и во Австрија, каде Атлантик Група кон крајот на 2015 година основаше сопствена компанија за дистрибуција, со намера за значително вклучување на асортиманот на сопствените брендови помеѓу клучните клиенти на овие пазари.

“По одлично остварените резултати во претходната година, Атлантик Група продолжува со спроведувањето на стратегијата за понатамошен меѓународен бизнис развој на мрежата на дистрибуција на нови пазари. Крајната цел на вака дефинираната стратегија подразбира значително зголемување на уделот на меѓународниот пазар, а со тоа и зголемување на вкупниот приход на компанијата. Во исто време, ние продолжуваме со развојот на целокупниот бизнис, како што е отворање на нови специјализирани продавници Farmacia, на промоција на нови производи и развој на нашето бизнис портфолио, освојување на нови пазари, како и ненамалување на фокусот за развој на дистрибутивната мрежа во регионот. Понатаму, во 2016 година ќе продолжиме со активно управување со ризиците и оптимизација на деловните операции, како и управување со финансиските обврски на компанијата“, изјави Емил Тедески, претседател и извршен директор на Атлантик Група.

Земајќи ја предвид структурата на приходи од продажбата, севкупниот раст на Атлантик Група во првиот квартал на 2016-та година беше поткрепен со стратешка деловна единица Деликатесни Намази со раст од 22,3%, стратешка деловна единица Закуски со раст од 3,2%, како и стратешка регионална дистрибуција ХоРеКа, што претставува зголемување на 19,8% дистрибуциско подрачје Словенија со раст од 7,8% и стратешка дистрибуција Хрватска со пораст од 3,8%. Кафето со удел од 18,6% од вкупните приходи од продажбата и натаму се истакнува како најголема поединечна категорија, со приход од 28,7 милиони евра.

Во однос на пазарите, најголем раст од 8,9% е остварен во Словенија, којашто учествува во вкупниот приход со 17%, по што следи пазарот во БиХ со раст од 8,5% – што изнесува 7,5% и е четвртото по големина пазарно подрачје на Атлантик Група, како и поединечно најголемиот хрватски пазар со удел од 26,6%, што претставува зголемување за 2,8%. Сопствените брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 64,8%, дистрибуцијата на главните брендови со 20,5%, ланецот аптеки Farmacia со 7,4%, додека производите кои Атлантика Група ги произведува како приватни трговски брендови за големи бизнис системи, дома и во странство, учествуваат со вкупен приход од продажбата со 7,4%.