Audi планира да направи евтин електричен автомобил

70

Volkswagen Group објави дека во блиска иднина ќе направи мал градски електричен автомобил. Возилото, според најавите, ќе биде наменето за европскиот пазар.

Овој мал градски автомобил би бил помал и поевтин, а првиот би требало да пристигне во 2023 година со неколку опции за видот на батеријата од минимално 200 километри поминати со едно полнење.

Автомобилот би имал електричен мотор што ќе може да произведе 170 коњски сили.

“Дефинитивно тоа е нешто што го имаме во план. Можеби не ни е комплетно дизајниран, но во блиска иднина сè треба да биде готово. Имаме толку многу опции и толку многу различни платформи на располагање, па наскоро ќе имаме и повеќе информации“, соопштија од Audi.

Фото: YouTube Screenshot