Audi со план да ги исфрли сите копчиња од своите автомобили

48

Производителите на автомобили постојано бараат начини да ги направат работите поедноставни, поелегантни и подобри. Audi е еден од производителите кои подготвено ја дочекаа дигитализацијата. Во својот модел RS Q8 како и во повеќето најнови модели има три екрани на командната табла – еден служи наместо класичните инструменти, вториот е дел од инфозабавниот систем, додека третиот ги содржи командите од клима-уредот и вентилацијата.

Со тоа германската компанија се ослободи од речиси сите прекинувачи и копчиња кои обично се присутни во автомобилите. Сепак, тука сè уште е копчето за подесување на јачината на звукот.

Еден од сегментите во возилата којшто со децении не се менуваше суштински – командната табла, во последните години доживува драстична преобразба благодарение на сеопфатната дигитализација. Додека некои го поздравуваат овој тренд, другите предупредуваат дека премногу екрани во автомобилот, со преместување на функциите и командите од копчињата и прекинувачите на екраните чувствителни на допир, го одвлекува вниманието на возачот од патот и може да смета при возењето.

Меѓутоа, Audi нема намера да застане тука, бидејќи дизајнерскиот шеф на германската компанија Марк Лихте откри дека новите модели ќе имаат многу екрани и AR технологија.

Тоа значи дека идните модели на Audi ќе имаат помалку кластери кои ќе прикажуваат помалку информации, а поголемиот дел од работата ќе го извршува head-up екран кој користи AR технологија. Двата големи екрани на централната конзола ќе бидат споени во еден огромен панел чувствителен на допир.

Лихте смета дека допирните контроли не им се допаѓаат на сите, така што алтернативниот начин за подесување на звукот на аудио системот и понатаму ќе постои, само не како копче.

Преземено од: Avtoplus.mk