Аутомакедонија до крајот на септември работеше со добивка од 24,6 милиони денари

19

automakedonija-580x446-580x446

Аутомакедонија прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 24.698.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата оствари добивка од 8.537.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од годинава изнесуваат 266.408.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 240.397.000 денари.

Основна дејност на Аутомакедонија е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.