Аутомакедонија ќе исплаќа дивиденда на своите акционери

62

automakedonija

Аутомакедонија со предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2016 година.

“Остварената бруто добивка, според билансот на успех, се утврдува на износ од 39.744.383 денари. Данокот на добивка се утврдува на износ од 2.854.886 денари. Износот што треба да се внесе во Задолжителна општа резерва, којашто треба да се издвои, изнесува 1.844.475 денари. Нето добивката за распределба се утврдува на износ од 35.045.015 денари. Износот од 5.500.000 денари ќе се распредели на име дивиденда“, стои во предлог одлуката.

Износот од 29.545.015 денари ќе се распредели на име реинвестирана добивка.

Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е шести јуни 2017 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е седми јуни, додека датум на евиденција – пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2016 година е 09.06.2017 година.

Исплатата на дивидендата за 2016 година, како што се наведува, ќе започне на први септември оваа година.

Бруто износот на дивиденда за 2016 година за една обична акција е 70,92 денари.