Аутомакедонија прокнижи добивка од 8,6 милиони денари за шест месеци

20

automakedonija

Акционерското друштво Аутомакедонија евидентираше добивка 8.609.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка во висина од 7.595.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие се на ниво од 208.817.000 денари, додека истиот период лани тие достигнаа вредност од 193.155.000 денари.