Аутомакедонија со добивка од 3,7 милиони го заокружи првиот квартал

51

automakedonija

Аутомакедонија за три месеци од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.754.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 2.144.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до март 2016 година беа 81.587.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 78.143.000 денари.