Аутомакедонија со добивка од 5,8 милиони денари во првиот квартал

121

automakedonija zgrada

Компанијата Аутомакедонија евидентираше нето добивка по оданочување во вредност од 5.802.000 денари во првите три месеци од 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во период од 01.01 до 31.03., компанијата оствари оперативни приходи од 90.937.000 денари, додека приходите од продажба се на ниво од 82.180.000 денари.

Аутомакедонија, во пресметковниот период, прокнижи оперативни расходи од 86.823.000 денари.