Аутомобили Гроуп е нов официјален импортер и дистрибутер на Jaguar и Land Rover

47

jaguar-i-land-rover

Аутомобили Гроуп е нов официјален импортер и дистрибутер на автомобилските брендови Jaguar и Land Rover за регионот на Македонија и Косово, јавува Миа.

Генералниот директор на Аутомобили Гроуп, Кочо Бураку, изјави дека нивното долгогодишно искуство во индустријата им дава за право да бидат сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово.

“Побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент автомобили за целосно задоволство на клиентите“, рече Бураку.

Генералниот директор на Wallis Automotive Europe, Ендру Прест, кои се официјален застапник на возилата Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, изрази задоволство за договорената соработка со компанијата Аутомобили Гроуп.

“Британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија да ги претставува овие брендови во регионот и тоа во возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar годинава забележа раст од 82% и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. До крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover ќе комерцијализираат и три нови модели“, рече Прест.

Аутомобили Гроуп подготвува нов објект на 680 метри квадратни што ќе биде составен од изложбен салон, продажба, канцеларии, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила на сервис. Официјалното отворање е најавено за април 2017 година.