Авиоимпекс во минус од 5,8 милиони денари во 2013 година

28

denari 123

Компанијата Авиоимпекс регистрираше загуба од 5.842.000 денари во текот на минатата година, стои во билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во текот на минатата година, Авиоимпекс забележа намалување на загубата, која во 2012 година беше на ниво од 6.580.000 денари.

Авиоимпекс лани оствари приходи од продажба во висина од 2.543.000 денари, останатите оперативни приходи беа 50.000 денари, додека трошоците за материјали и услуги 765.000 денари, а трошоците на вработени 1.606.000 денари.