Авиокомпании ги кршеле правата на патниците во време на пандемија

27

Авиокомпаниите редовно во текот на пандемијата ги кршеле правата на патниците од Европската унија, утврди Европскиот ревизорски суд.

Иако се законски должни на патниците да им исплатат паричен надоместок за откажаните летови, многу од авиопревозниците ги принудиле наместо надоместок да прифатат ваучери.

Откако владите ги затворија границите во скоро сите земји од Европската унија, затворени беа околу 7.000 авиолинии во мрежата на европските аеродроми. Откажани беа 70% од летовите, а со тоа и патувањата на десетина милиони патници за 12 месеци заклучно со март оваа година.

Многу патници не добиле паричен надоместок во рокот што го пропишува законот на ЕУ, седум дека ако станува збор за едноставен лет или 14 денови ако е дел од пакетот, некои пак воопшто не добиле надоместок, туку само ваучери.

Превозниците, пак, во време на коронакриза, добиле милијарди евра државна помош.

Земјите од ЕУ потрошија вкупно 35 милијарди евра за поддршка на авиокомпаниите.

Најмалку 15 земји го прекршиле законот за ЕУ за привремено ослободување на аеродромите за ослободување на авиопревозниците од обврската за надомест на трошоците на купувачите.

Фото: Pexels