Авиокомпаниите бараат целосно нормализирање на летовите меѓу САД и Велика Британија

21

Коалицијата на американски и европски патнички агенции, воздухопловни компании, синдикати, деловни и аеродромски здруженија повикаа на што е можно поскоро повторно отворање на американскиот и британскиот пазар на авио летови.

Во писмото адресирано до американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон, претставниците навеле дека планираниот состанок на лидерите на почетокот на јуни ќе биде “идеална прилика за заедничка најава на целосно повторно отворање на американско – британскиот пазар на авио патувања за државјаните на САД и Велика Британија“, пренесува Ројтерс.

САД во март минатата година воведоа забрана за влез во земјата за скоро сите неамерикански државјани кои престојуваат во Велика Британија.

Фото: Pexels