Австралија: Електрана која енергијата на морските бранови ја претвора во струја

118

el 1Австралиската компанија Oceanlinx, кон крајот на октомври во Порт Мекдонел, Јужна Австралија, пушти во работа електрана со моќност од 1MW која енергијата на морските бранови ја претвора во електрична. Компанијата наведува дека ова е прва електрана во светот со вакво технолошко решение.

Технологијата “зелени бранови” на Oceanlinx се темели на систем кој морските бранови ги користи за производство на воздух под висок притисок, кој ја придвижува турбината што произведува електрична енергија. Електраната е изградена од елементи од армиран бетон, кој е доволно тежок да ја држи цврсто за морското дно, на длабочина од 10 до 15 метри.

Системот ќе биде тестиран во следните година дена и ако го помине тестот, ќе биде проширен на 10MW. Малопродажната дистрибуција е договорена со компанијата Diamond Energy, која е фокусирана на дистрибуција на енергија од обновливи извори.

Во електраната се вложени осум милиони долари.