Австралија ја доби својата прва жена гувернер

Централната банка на Австралија (Reserve Bank of Australia – RBA) објави дека во наредниот период, за прв пат од нејзиното формирање во 1960 година, ќе раководи жена.

Мишел Булок ќе го наследи Филип Лоу, кој се ближи до крајот на седумгодишниот мандат како гувернер.

Нејзиното назначување доаѓа додека земјата се бори со растечките цени и RBA се соочува со големи промени. Банката ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво во последните десет години во обид да се бори против инфлацијата.

Индустријата за финансиски услуги во Австралија е доминирана од мажи и има една од најголемите родови разлики во платите во земјата.

Булок, која моментално е заменик-гувернер на РБА, треба да го започне својот седумгодишен мандат како гувернер на 18 септември.

Фото: Facebook –Reserve Bank of Australia