Австралија вложува милијарда долари за спас на туризмот

24

Австралиските власти претставија пакет за поддршка на туризмот во износ од 928 милиони долари со цел зајакнување на локалните патувања, додека меѓународните рути остануваат затворени поради пандемијата.

Субвенции за авио билети, евтини заеми на мали туристички компании и финансиска помош за двете најголеми авиокомпании во земјата се направени со цел туристичкиот сектор да заздрави додека не се вратат странските туристи. Во пакетот се вклучени 200 милиони долари за двете главни авиокомпании во земјата, Qantas и Virgin Australia.

“Овој пакет ќе донесе повеќе туристи во нашите хотели и кафулиња, во посета и истражување на нашите природни убавини. Тоа значи и повеќе работни места и инвестирање во туристичкиот и авио секторот, додека Австралија се движи кон победа против коронавирусот и ограничувањата што беа донесени“, вели Скот Морисон, премиер на Австралија.

Туризмот е еден од главните сектори на Австралија, генерирајќи 60,8 милијарди долари во бруто домашниот производ на земјата и вработува околу 5% од вкупната работна сила.

Фото: Pexels