Австралија во рецесија прв пат по 29 години

50

Економијата на Австралија се соочува со рецесија прв пат по скоро три децении, како последица од пандемијата предизвикана од коронавирусот, пишува CNN.

Австралија бележи пад од 0,3% во првите три месеци од оваа година во споредба со претходниот квартал.

Монетарните власти во земјата предупредуваат дека бруто домашниот производ, во периодот, април – јуни, ќе забележи надолен тренд.

Карантинот како мерка за сузбивање на заразата предизвикана од Ковид-19 стави крај на 29-годишниот раст на австралиската економија.

Фото: Freepik