Австралија во рецесија првпат по 30 години

27

Пандемијата на коронавирус ја турна Австралија во рецесија за првпат во последните 30 години. Бруто домашниот производ (БДП) на земјата падна за 7% во второто тримесечје во споредба до претходното, според податоците на австралискиот завод за статистика.

Ова е најголем пад на австралискиот БДП од 1959 година од кога се бележат такви податоци.

Властите го припишаа ваквиот развој на ситуацијата на пандемијата на Ковид-19 и ограничувачките мерки, иако земјата оваа година беше погодена и од други непогоди како големите пожари во јануари, пишува CNN.

Рецесијата претставува исклучителен пресврт за австралиската индустрија која имаше константен раст во изминатите 29 години.

Едно стопанство се смета дека влегло во рецесија ако има два последователни квартала со негативен раст.

Фото: Pixabay