Австрија одвојува уште една милијарда евра помош за компаниите

45

Австрија одвојува уште една милијарда евра помош за компаниите што се погодени од строгите мерки што властите ги воведоа со цел да се сузбие пандемијата, рече тамошниот министер за финансии, Гернот Блумел.

Австрија после Божик влегува во трет карантин, 11 дена откако заврши вториот lockdown. Вкупно 120.000 компании во ноември и декември побарале 2,2 милијарди евра како надоместок за изгубените приходи, од кои се исплатени 1,8 милијарди евра.

Мерките ќе продолжат до крајот на годината и ќе изнесуваат околу 300 милиони евра. Владата, исто така, подготвува и пакет мерки за компании што не се погодени од кризата.

Фото: Freepik