Австриски компании во Македонија со оценка за бизнис климата

34

Gerhard Schlattl 2

Трговското одделение при Австриската Амбасада во Република Македонија го спроведе второто истражување на бизнис климата меѓу австриските компании кои работат во Македонија. Истражувањето е спроведено од јуни до средината на јули 2014 година. Целна група на истражувањето беа менаџерите на австриските компании во Македонија. Стапката на одговор на анкетата е висока (28%).

“Во 2014 спроведовме анкета за бизнис климата во Македонија, по втор пат. Во споредба со резултатите од лани, австриските компании се за нијанса пооптимистични за 2014 и уште поомтимистични за 2015 година. Половина од компаниите очекуваат поголем промет и планираат нови вработувања и зголемување на инвестициите. Сепак, постојат и бројни предизвици. Трите врвни приоритетни барања (очекувања) на австриските компании во однос на mакедонската Влада се подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата и борбата против корупцијата. Нaшата канцеларија, проактивно, поддржува голем број австриски компании кои се соочуваат со тешкотии на македонскиот пазар, посебно кога се работи за јавни набавки “, рече Герхард Шлатл, шеф на Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје.

Резултатите од истражувањата покажаа дека австриските компании во Македонија, претежно, дејствуваат во услужниот сектор. Австриските компании се за нијанса поомтимистични за економската ситуација во Македонија за разлика од 2013. За 2015 година, 60% од австриските компании очекуваат раст на прометот, нови вработувања и зголемување на инвестициите. Австриските претпријатија задоволително ја оценуваат атрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции.

Во однос на општите услови за работа, најголемите разлики меѓу очекувањата и реалноста се јавуваат во областите како платежен морал, борбата против корупцијата и напредокот во ЕУ интеграциите.

Трите најголеми приоритетни барања/ очекувања на австриските претпријатија кои се однесуваат на Македонската Влада се подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата и борбата против корупција.

Според најновата официјална статистика на Народната банка на Македонија, вкупниот износ на австриските директни инвестиции во земјава изнесува 437 милиони евра до крајот на вториот квартал на 2014 година. Затоа, Австрија е еден од најголемите инвеститори во Македонија и се наоѓа на третото место по Холандија и Грција. Следуваат Словенија и Унгарија. Во Македонија се основани повеќе од 45 претријатија со австриски капитал.