Австриско – македонски денови во Скопје

5

Во Македонија вторпат денеска и утре ќе се одржат Австриско – македонски денови, што ги организира клубот АЛПБАХ Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Австрија и Стопанската комора на Република Австрија, пишува Миа.

Во рамки на овие денови ќе се одржат два настана. Првиот – Austrian Career Day ќе се одржи денеска во Универзитет на Југоисточна Европа, а вториот е конференција со две панел дискусии: Youngsters Making a Better Europe и From Education to Launching a Career: Transferring Good Entrepreneurial Practices from Austria to Macedonia во Скопје.