Автомобил на Mercedes преку светла ќе “комуницира“ со пешаци

23

Фото: Mercedes

Mercedes – benz тестира нов концепт на автомобил таканаречен “cooperative car“, односно автомобил што соработува, пишува Designboom.

Прототипот е базиран на модел од S класата на компанијата, а користи светлосни ефекти за да ја “информира“ јавноста што следно ќе направи. Автомобилот ја емирува ветлосната сигнализација во 360 степени за секој да може да ја види.

Тиркизните светла на покривот покажуваат дека автомобилот вози самостојно и прикажуваат што следно ќе се случи. Светло што полека трепка иницира дека возилото кочи, дека брзо трепкање покажува дека за кратко ќе тргне. Светлечките точки наредени во краток ред означуваат дека автомобилот реагира на корисниците од другата лента, односно ги “разбира“.

Во целиот процес, автомобилот им сингнализира само на оние пешаци и велосипедисти чијшто пат се совпаѓа со неговиот, нешто слично на контактот со очи што би го имале со возачот.