Автомобилски гигант објави – работа од дома засекогаш за 30.000 вработени

109

Компанијата Ford најави дека ќе им овозможи на 30.000 вработени ширум светот засекогаш да работат од дома.

Во јули, вработените во Ford ќе можат да се враќаат во канцелариите за работни задачи за кои е потребно присуство на состаноци или за заеднички проекти.

Флексибилното работно време за вработените кои работат од дома ќе треба да биде одобрено од менаџерите на Ford.

Ford исто така формира конзорциум кој треба да ги утврди можните сценарија за работа од дома. Во јуни 2020 година, истражувањето на Ford откри дека 95% од нивните вработени би сакале комбинација од работна средина и работа од дома.

Зошто потегот на Ford е значаен?

Откако Facebook и другите компании објавија дека размислуваат да овозможат работење од далечина, автомобилскиот сектор сè уште нема ниедна компанија, освен Ford, кој формално објави дека работата од далечина станува постојана, барем за дел од нивната работна сила.

Toyota и General Motors најавија дека ќе ги вратат вработените кои работеле далечински на своите работни места во јуни или јули.

Ford планира да продава згради и да ги консолидира работните простории по одлуката да работат 30.000 вработени од далечина.

Општиот тренд е дека работа од далечина ќе стане трајна, дури и по пандемијата, покажуваат анализите на страницата за вработување Indeed.

Oгласи за вработување од далечина се зголемија двојно од почетокот на пандемијата Ковид-19 и овој тренд продолжува.

Ова е невообичаено бидејќи бројот на вакцинирани се зголемува, додека објавувањето на работата на далечина продолжува да расте.

Фото: Pixabay