Автономен дрон со камера што го следи корисникот

38

drone-1-470x600

Фото: Skydio

Skydio R1 е беспилотно летало дизајнирано од група дипломци од американскиот МИТ универзитет. Дронот е програмиран да креира мапа од околината во којашто се наоѓа и на тој начин да ги следи лицата низ прострот. Поставените алгоритми му овозможуваат да ги разликува пречките од објектите и безбедно да лета низ одредената локација сè додека не стигне до својата цел, пишува New Atlas.

Леталото има меморија од 64 GB и опсег од 91 метар. Тежи околу 1 килограм, а може да лета со брзина до 40 километри на час.  Доаѓа со две батерии, а секоја од нив обезбедува 16 минути летање. Беспилотното летало Skydio R1 веќе е достапно во САД и Канада по цена од 2.499 долари.

Овој дрон е едно од првите целосно автономски летачки камери во светот. Сличен производ пред неколку години лансираше и компанијата Intel претставувајќи го Yuneec Typhoon H drone.