Азербејџан вложува 1,3 милијарди долари во обнова на Нагорно – Карабах

91

Азербејџан планира да инвестира 1,3 милијарди долари во обнова на територијата Нагорно – Карабах што сега е под контрола на Баку, се наведува во тамошниот нацрт буџет за следната година.

Средствата се наменети за изградба на модерна инфраструктура во населбите и обнова на историските и културните споменици, пренесува Tas.

На почетокот на ноември е потпишан мировен договор по обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија во областа Нагорно – Карабах според кој двете страни ги задржуваат позициите што ги имале.

Фото: Freepik