Азески: Штетите на компаниите од косовското ембаргo се минимални

55

За време на трговската блокада од Косово македонските компании мудро одиграле и затоа штетите се минимални.

Ова го потенцираше престедателот на Стопанска комора, Бранко Азески, за време на посетата на отворањето на нова модернизирана производствена линија за битуменски ленти во фабриката БИМ Свети Николе.

“Можам да кажам дека македонските компании мудро одиграле. Значи играле во текот на блокадата со сопствени залихи се подготвиле за она што ќе настане по блокадата. Само некои фирми вклучиле партнери од соседните земји што ги покривале во тој период. Мислам дека не се работи за сериозни штети”, вели Азески.

Азевски додава дека и покрај тоа што македонските компании биле мудри во текот на блокадата со Косово, ова не смее да се повтори. Според него извештаите и цифрите кои ги разгледувал по блокадата со Косово покажуваат дека станува збор за минимални штети кои не можат да ја загрозат стабилноста на македонската економија.

На прашањето дали Македонија излегува од рецисијата, Азески изјави дека македонското стопанство пополека излегува од рецесија, а за тоа е потврда и отворањето на нови фабрики и производствени линии во градовите низ земјава.