Азија и Афика му помогнаа Heineken да оствари поголема добивка

50

Холандскиот пивски бренд, Heineken, информира дека во првото тримесечје од оваа година има многу поголема добивка одошто на почетокот на пандемијата, благодарение на зголемената продажба во Африка и Азија, што го компензираше падот во Европа.

Компанијата во првите три месеци од оваа година продала 50,3 милиони хектолитри пиво. Продажбата на пиво во Африка, на Блискиот исток и во Источна Европа се зголеми за 9,9%, а посебно силни резултати покажале Нигерија и Јужноафриканска Република и покрај ограничувањата во снабдувањето и забраната за консумирање алкохол во одредени временски периоди.

Продажбата во Азија порасна за 5,4%, а Виетнам е меѓу најголемите пазари на Heineken. Компанијата успеа да ја зголеми продажбата и во првите три месеци од минатата година.

Во Европа во првото тримесечје Heineken забележа пад на продажбата од 9,7% поради рестриктивните мерки што предизвикаа намалување на консумација во кафулињата и рестораните за две третини.

Фото: Pexels