Бајден: 1% од најбогатите да си го платат “правичниот удел“

19

Претседателот Џо Бајден ги повика богатите Американци и корпорации преку данок да платат “правичен удел“ во финансирање на бесплатното високо образование и други бенефити за сиромашните работници.

Американскиот претседател рекол дека проширување на американското јавно образование што го предложи тој ќе донесе баланс на економијата и дека од него ќе имаат корист Американците со пониски приходи, пренесува Ројтерс.

“САД би можеле да обезбеди две бесплатни години високо образование преку подигнување на највисоките стапки на данокот на доход на ниво на коешто беше во 2001-ва година.

Тој порача и дека планира да обезбеди даночни олеснувања на луѓето од работничката класа и да ги принуди сите да платат “чесен удел“.

Администрацијата на Бајден организира кампања за посета на училишта чија цел е промоција на неговиот план од 2,3 билиони долари за обнова на патиштата и друга инфраструктура, како и пакетот социјална потрошувачка што вклучува милијарда долари за образование и грижа за деца од 10 години, како и 800 милијарди долари кредити наменети за семејства со средни и ниски примања.

Фото: Pexels