Бајден сака да го зголеми данокот за најбогатите Американци

20

Американскиот претседател, Џо Бајден сака да го зголеми данокот на доход од капитал за 0,3% на најбогатите Американци, потврдуваат од Белата куќа.

Тоа зголемување на данокот е дел од фискалната реформа чија цел е “да се награди трудот, а не само богатството“, смета Брајан Дис, главен економски советник на Бајден.

По нацрт реформите, околу коишто се очекува водење жестока расправа во Конгресот, промените би ги зафатиле само оние даночни обврзници кои заработуваат повеќе од милион долари годишно.

Само 0,3% од даночните обврзници или околу 500.000 домаќинства би биле зафатени со оваа даночна реформа.

“На 997 домаќинства од 1.000, таа промена не би имала големо влијание“, смета Дис.

Според американските медиуми, даночната реформа би можела да се удвои од 20 на 39,6%.

Фото: Pexels