Од Италија до Албанија, има неколку места кои се навистина рајски дестинации, но едно посебно се издвојува, а се наоѓа во Хрватска.
Имено, станува збор за големото далматинско крајбрежје и плажа, која во 2019 година е прогласена за најубава плажа во Европа – плажата Пасјача.
Прекрасната плажа Пасјача е прогласена за најубава скриена плажа во Европа од страна на Форбс.
Се наоѓа на десет минути возење од Цавтат и триесет минути од Дубровник, а исто така е многу блиску до Црна Гора, односно до Херцег Нови, иако е неопходно да се помине границата.
Плажата Пасјача е за вистинските љубители на мирниот одмор, на неа нема гласни барови, спортови на вода или други атракции. Нејзиниот шарм лежи токму во чистата природа, звуците на брановите и синото море.
Дури и познатиот американски магазин Форбс објави дека Пасјача е прогласена за најубава скриена плажа во Европа во 2024 година според „European Best Destinations“.