Банка на Република Македонија – предлог за новото име на НБРМ

44

nbrm

Банка на Република Македонија е предлогот за новото име на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) предвидено со последните измени на Уставот, пишува Миа.

За гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, во меѓународната пракса постојат примери и за досегашното, но и за идното име на највисоката монетарна институција во државата.

Со промена на името ќе се менуваат и банкнотите, но тој процес ќе се одвива постепено, со печатење нови банкноти кога од употреба ќе се повлечат старите поради дотраеност.