Банка се согласи за плати 100 милиони долари за избегне судење поради корупција

84

Германска Deutsche Bank пред американскиот суд се согласи да плати казна во износ од над 100 милиони долари за избегне кривичен процес по обвинение дека била дел од меѓународна коруптивна шема со цел добивање работа во Саудиска Арабија.

Адвокатите на Deutsche Bank, која одамна има деловни врски со американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, ја потврдија веста во текот на видео конференција со федералниот американски судија во Њујорк.

Според судските документи, германската банка поткупувала посредници за да добие зделки во Саудиска Арабија, книжејќи ги како “дополнителни надоместоци“.

Во една прилика, во 2012 година, банката на свој посредник му платила 1.087.538 долари и “направи таа исплата да биде лажно регистрирана во книгите и сметките на компанијата“, пишува во судската документација.

Фото: Freepik