Банка во Бугарија користи хуманоиден робот за интеракција со клиенти

61

robot-pixabay

Фото: Pixabay

Банка во Бугарија доби хуманоиден робот, чија задача е да ги презентира производите и услугите на клиентите, пишува Dnevnik.bg.

Роботот, чие име е Pepper, зборува и реагира на движењата на клиентите што стојат пред него. Со помош на вградената вештачка интелигенција, роботот изразува различни емоции, ги познава банкарските услуги и во разговор со клиентите им дава информации за условите за кредитирање, плаќање, банкарски картички, трансфери на пари, интернет и мобилно банкарство и други услуги.

Освен сите корисни информации, роботот ги забавува клиентите на банката и ужива додека се фотографира со нив.