Банки со најголема пазарна капитализација во Македонија

105

Стопанска банка е банка со најголема пазарна капитализација во земјава, којашто на крајот на март оваа година достигна вредност од 20.812.534.560 денари, покажува извештајот на Македонска берза.

Втора, според производот од пазарната цена на акциите и бројот на емитувани хартии од вредност, е Комерцијална банка со 18.175.445.372 денари заклучно 31-ви март годинава. Трета банка во земјава според пазарната капитализација е НЛБ Банка со 15.839.534.875 денари.

Меѓу седумте банки што котираат на берза, според пазарната капитализација, се и: Охридска банка (3.494.425.000 денари), Уни Банка (1.407.516.267 денари), ТТК Банка (1.271.043.200 денари) и Стопанска банка Битола (1.167.457.322 денари).

Пазарната капитализација за една компанија е производ на пазарната цена на акциите по вкупниот број на емитувани хартии од вредност. На пример, доколку едно акционерско друштво издало еден милион акции и пазарната цена на затворање на берзата на одреден датум е едно евро – пазарната капитализација на таа компанија ќе биде еден милион евра. Доколку цената на акциите се намали или зголеми, соодветно и пазарната капитализација ќе биде помала или поголема.

Фото: Pexels