Банките и производители на злато трошат повеќе струја од криптовалутите

28

Истражувањата покажуваат дека криптовалутите се огромни потрошувачи на електрична енергија, но последната студија покажува дека традиционалните банки и производителите на злато трошат повеќе енергија од рударењето криптовалути и трансакции со нив.

Минатата недела биткоинот на пазарот доживеа дебакл бидејќи Илон Маск објави дека неговите автомобили нема да може да се купуваат со оваа криптовалута, како што беше претходно најавено. Како причина за таквата одлука го наведува влијанието на биткоинот врз животната средина, односно големата потрошувачка на електрична енергија, што не е во склад со неговите принципи.

Сепак, компанијата Galaxy Digital објави дека банките и производителите на злато се многу поголеми потрошувачи на струја од криптовалутите.

Според нивните податоци, биткоинот на годишно ниво троши 113,89 терават часови, а оваа количина била двојно помала од оние коишто ги троши банкарскиот систем, чија потрошувачка се проценува на 263,72 терават часови. Студијата покажала дека индустријата на злато на годишно ниво троши 240,61 терават часови.

Фото: Pexels