Банките во Словенија со добивка пониска за над 15% во 2020 година

22

Банкарскиот сектор во Словенија минатата година оствари 450,3 милиони евра добивка по оданочување, што е за 15,1% помалку во однос на една година претходно.

Според податоците на словенечката централна банка, релативно поволните резултати се благодарение на спојување на двете банки Nova KBM и Abank, бидејќи без тоа добивката би била повеќе од двојно помала.

Активата на банките во Словенија во текот на минатата година се зголеми за повеќе од 8% или за 3,4 милијарди евра на 44,65 милијарди евра. Депозитот на небанкарскиот сектор и понатаму се најголем дел од вкупната актива. Депозитите на домаќинствата, што сочинуваат две третини од сите депозити во небанкарскиот сектор, минатата година се зголемија од 20,3 на 22,4 милијарди евра.

Фото: Pexels