Банките во Србија со добивка од 75,7 милиони евра

65

banki srbijaБанкарскиот сектор во Србија во 2012 година работел со добивка од 75,7 милиони евра, соопшти Агенцијата за стопански регистри.

“Позитивно работеле 22 банки, а 10 имале загуби, додека вкупното ниво на деловна активност на банкарскиот сектор, мерен преку вкупни приходи и расходи е приближно исто со она од 2011 година”, изјави регистраторот во Регистарот за финансиски извештаи и бонитет, Ружица Стаменковиќ.

Според Стаменковиќ, најголема загуба направила Развојна банка Војводина, потоа следуваат НЛБ, Алфа банка, Војводинска банка и Пиреус банка.

Листата на банки со најголеми добивки во последните две години е непроменета и на неа се Банка Интеза, Рајфајзен, Уникредит, Комерцијална банка и АИК.

Кредитната активност на банките во 2012 година е зголемена за 9,8% на што влијаеше ослабената кредитна способност на стопанството и проблемите со наплата на пласманите.

Банките минатата година го намалиле бројот на вработени за 1.905 работници.