Барел нафта 120 долари- и житарките поскапуваат

80

Цените на нафтата достигнаа 120 долари и полека се враќаат на рекордно ниво. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 118,9 долари, што е раст од околу 1% во однос на вчерашниот ден. Пред три недели барелот поевтини и до 10 долари.

Биткоинот утрово 29.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот денес изнесува 29.508 долари, што е намалување за околу 5% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цена на пченица и пченка

Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.093 долари за тон, што е пораст од речиси 5 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 742 долари, што е исто така пораст од околу 2% во однос на вчерашниот ден.