Bayer третиот квартал го заврши со загуба од 9,4 милијарди евра

26

Германскиот производител на лекови и агрохемикалии, Bayer објави дека го завршил третиот квартал со загуба од 9,4 милијарди евра поради послабата побарувачка во земјоделскиот сектор, огромните отписи и поголемите правни трошоци.

Од компанијата посочија дека очекуваат поголеми трошоци за спогодбата со обвинителите во САД во спорот околу штетните ефекти на хербицидот Roundup врз здравјето на луѓето. Bayer се соочи со тужба во врска со Roundup.

Производот на база на глисофат беше предмет на 125.000 судски спорови, кои се обидоа да докажат дека тој има канцерогени ефекти. Њујоршката адвокатска фирма Weitz & Luxenberg соопшти дека е постигната согласност во име на околу 100.000 луѓе. Bayer ги негираше обвинувањата, но се согласи да плати за да стави крај на неизвесноста.

Roundup оригинално беше лансиран од американската компанија Monsanto, која беше купена од Bayer пред две години за 63 милијарди долари. Откако се појави на пазарот пред повеќе од четири децении, тој важеше за најпознатиот светски уништувач на плевел.

Фото: Pixabay