БДП на еврозоната порасна за 0,3 проценти во претходниот квартал

Економијата на еврозоната порасна за 0,3 проценти во четвртиот квартал од минатата година, потврдувајќи ги прелиминарните проценки, според податоците објавени од Евростат во петокот. Истиот раст од 0,3 проценти беше забележан и во претходниот квартал, во споредба со кварталот пред тоа.

На ниво на целата Европска Унија, бруто домашниот производ (БДП) исто така се зголеми за 0,3 проценти во истиот период. Меѓу земјите-членки, Литванија забележа најбрз квартален раст, со БДП зголемен за 1,7 проценти. По неа следуваат Кипар со раст од 1,4 и Полска со раст од еден процент.

Од друга страна, најголем пад забележа Романија, чија економија во периодот од октомври до декември се намали за 1,9 проценти, додека Ирска имаше пад од 0,6 проценти.

На годишно ниво, економијата на еврозоната порасна за 1,3 проценти, додека растот во целата Европска унија изнесуваше 1,5 проценти, според Евростат. Еврозоната се состои од 21 земја-членка кои го користат еврото како официјална валута.