БДП на САД порасна помалку од првично проценето

Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите држави порасна помалку од првично проценетиот во вториот квартал од оваа година, покажуваат ревидираните податоци на американското Министерство за трговија.

Како што пресметале американскиот економски раст е 2,1 отсто на годишно ниво, наместо 2,4 отсто во јулската проценка, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.

Во вториот квартал, растот на американската економија главно беше поттикнат од инвестициите. Во меѓувреме, извозот е намален, а намалена е и приватната потрошувачка.

Без оглед на надолно ревидираните податоци, растот на американската економија во вториот квартал останува малку над нивото од првиот квартал.