БДП на САД порасна за 1,6% во првиот квартал

22

Бруто домашниот производ на САД во првиот квартал од оваа година се зголеми за 1,6% во споредба со претходните три месеци, кога економската активност беше зголемена за 1,1%, покажуваат проценките на тамошното министерство за трговија.

На годишно ниво, БДП во првите три месеци е за 0,4% повисок од лани, по падот од 2,4% во последното тримесечје од 2020 година.

Анализираната стапка на раст, којашто покрај САД ја користат само Јапонија и Канада, а покажува колку економијата би пораснала 12 месеци наназад доколку во секое тримесечје има исто темпо на раст како во последните три месеци, таа би изнесувала 6,4%.

Фото: Pexels