БДП со раст од 2% во првото тримесечје

18

Бруто домашниот производ  (БДП), во првото тримесечје од 2016 година, забележа пораст од 2%, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11,7% и Градежништво од 7,7%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 3,2%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,3%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,4%.