БДП во второто тримесечје со пад од 1,8%

15

digitron-pixabay-crno

Фото: Pexels

Бруто домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од оваа година забележа пад од 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,9%; Информации и комуникации од 1% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 70,7%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3%.