Беа потребни 12 години да се создаде, а за шест недели скоро и да го снема

72

За да го остварите сонот, можеби ќе потрошите децении, а светот ќе го уништи со нешто како што е пандемија од непознат вирус. Токму тоа му се случи на Брајан Чески, главен извршен директор на Airbnb, пишува Entrepreneur.

“Ни беа потребни 12 години да се создаде Airbnb, а изгубивме скоро сè за четири до шест недели“, вели Чески.

Неговата компанија се соочува со непредвидлива иднина поради стравот на луѓето да патуваат во странство.

“Туризмот, каков што го познававме, веќе не постои. Не сакам да кажам дека на патувањата им дојде кран, но оној модел што ни беше познат повеќе нема да се врати. Сите ќе патуваме со сопствените автомобили, ќе одиме на места оддалечени само неколку километри и ќе останеме дома“, додава Чески.

Минатиот месец, Чески најави дека Airbnb отпушта 25% од своите вработени поради огромниот пад на патувањата низ светот заради пандемијата.

Фото: Freepik